Во Кривичен суд рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“

Сподели

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжуваат рочиштата за предметите „Титаник“,„Насилство во општина Центар“ и раздвоената постапка за „Тенк“.

Во „Титаник“ Првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер..

Осомничени за малверзации на изборите и изборната кампања во 2012 година.

Во „Тенк“ поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товари за спорна тендерска постапка при набавка на луксузен „мерцедес“ во 2012 година. За истиот случај на екс-премиерот Груевски му беше изречена затворска казна во траење од две години, а на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, шест години и шест месеци.

Во Судот денеска треба да се одржи рочиште и за раздвоената постапка во предметот „Насилство во Центар“ за седмообвинетиот Димче Крстев.

Покрај него во овој предмет обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште осум други лица.