Во Нова Градишка поставен споменик на Тоше Проески

Сподели

 

Во паркот на познатите во Нова Градишка во Хрватска, денеска е поставено спомен-обележје на трагично загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески. Споменикот е од градот во чија близина пред 14 години загина Тоше.

 

 

На откривањето на споменикот денеска присуствуваше и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски и амбасадорот на нашата земја во Хрватска Милјаи Фетаи, како и многу негови фанови, дел од маратонците кои секоја година традиционално на денот на несреќата пеш од Градишка доаѓаат во Крушево на гробот на големата звезда.

Камената статуа на Тоше Проески е дело на скулпторот Славко Буниќ.