Во Охрид исфрлена жена од својот дом од страна на нејзините најблиски

Сподели

 

На фб профилот на порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осамна објава за 60 годишна жена од Охрид која е затекната како живее речиси на отворено небо, во разурната барака затоа што блиските и роднините ја исфрлиле од дома.

Стефан Димоски откако ја добил оваа информација веднаш се упатил на самото место и објави фотографии од местото каде преживува жената.

 

 

“Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат, таа и понатаму да биде бездомник и да „живее“ во оваа напуштена хорор барака, од која, и кучињата ноќе бегаат. Оваа жена, не заслужила таква суровост и бездушност од нејзините, не заслужила да биде оставена на милост и немилост на овој студ и на кучињата, кои ја имаа опколено денеска, кога по добиена информација, отидов на ова место. Упатувам пофалби за брзата реакција по моето јавување, на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи. Го известувам семејството на оваа жена, дека, благодаарение на реакциите, вечерва, нивниот РОДИТЕЛ ќе има пристоен дом но веќе од утре, ќе мора да реагираат и да си го згрижат РОДИТЕЛОТ. Никој, ама баш никој, без оглед на сѐ, не заслужува ваква судбина, отфрленост и заборавеност”, – објави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, на својот фб профил.