Во рамките на 49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, со учество на бројни странски и македонски слависти, македонисти и балканисти, денеска и утре во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција.
Двете носечки теми се „70 години од првите книги за деца на македонски јазик“ и „Непреводливото во преводот“.
Меѓународниот семинар за македонски јазик почна на 11 јуни, а на него учествуваат околу 80 стипендисти од Канада, Финска, Естонија, Франција, Словенија, Србија, Хрватска, Романија, Унгарија, Руска Федерација, Чешка Република, Полска, Украина, Австрија, Романија, Азербејџан, Кина и од Германија.
Оваа своевидна меѓнародна школа годинава има три значајни јубилеи, 1.100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик.
Во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција за македонски јазик