Со учество на повеќе од 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал, претставници од финансиските институции и даватели на услуги, од денеска во Охрид се одржува Конференција за сузбивање на компјутерски криминал (iProceeds.)
Целта е да се договорат конкретни чекори што треба да се преземат за посилна јавно-приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и за конфискација на приносите од криминалот што се извршува преку интернет, во рамките на конференцијата за Југоисточна Европа и за Турција.
Конференцијата, покрај другото, ќе ги третира темите кои се однесуват на учеството на носителите на одлуки и на проектните тимови во активностите на проектот „iProceeds“, а ќе биде претставен нацрт-извештајот за состојбата и за мерките против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување перење пари преку интернет во областите, односно земјите каде што се имплементира проектот.
Учествуваат високи претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Турција и од Косово.
Во Охрид се одржува конференција за сузбивање компјутерски криминал