Охрид постави 11 станични сензори за следење на квалитетот на амбиентниот воздух

Сподели

 

На 27. декември 2019 година, стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид.

Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“). Во Охрид се следат 5 еколошки параметри и три метеоролошки параметри.

На платформата веќе се пуштени и 22 станични сензори во Софија, а до март 2020 година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана.

Податоците служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат ниту толкуваат за времетраењето на проектот без дозвола на Државен инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната Мониторинг Мрежа на МЖСПП ниту дел од било која друга мрежа, истата е самостојна и креирана во рамки на ЕУ ПРОЕКТOT AIRTHINGS.

Интернет страница на проектот (кликни за пристап до страницата):

Со лев клик на мапата на Охрид се гледаат податоците за амбиентниот воздух

Во прилог е и линкот со гранични вредности на емисиии во амбиенталниот воздух (кликни за пристап до страницата):