Во поединечни средби Чарлс Купчан со лидерите на четирите политички партии

Сподели

maxresdefault

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД.

На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ информираа дека Груевски и Купчан се согласиле дека политичката криза во Република Македонија трае предолго и дека е неопходно да се најде излез од актуелната ситуација преку одржување на избори.

Од опозициската СДСМ соопштија дека Заев и Купчан оцениле дека за иднината на државата клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евроатланските интеграции.

Според Ахмети, проценката на крајот на август во врска со исполнувањето на условите за одржување на изборите ќе биде позитивна, а приоритетна задача на владата по изборите ќе биде системски реформи, меѓуетничките односи, економскиот развој и решавањето на отворените прашања со соседите. Од ДУИ информираат дека на средбата се разговарало и за спроведувањето на Охридскиот договор.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, соопшти дека централна тема на разговори се евроатланските интеграции на Македонија.