Доцна синоќа е изгаснат големиот шумски пожар над велешкото Езеро Младост.
Изгорена е голема површина на борова шума од околу 200 хектари,а проценките се дека од огнената стихија биле зафатени вклупно околу 400 хектари шума и трева.
Полицијата приведе четири лица под сомнение дека со брусилица го предизвикале пожарот.
Во гаснење на пожарот беа вклучени противпожарни екипи од повеќе градови .