Во Прилепскиот театар ќе се изведе претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска

Сподели

 

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп вечер (28 февруари) од 19:30 часот ќе биде прикажана претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска.  

Од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп информираат дека станува збор за проект на независниот театар „Златен Елец“, а претставата во 2022 година ја доби наградата за најдобра женска улога на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино.

Aдаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски.

– Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кои се судира секој театарски уметник − информираат од Центарот за култура во Прилеп.