Властите во Москва ги затворија метро станиците и го ограничија движењето во очекување на нов голем протест во главниот град на Русија проти апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, откако во други големи градови во Русија, во други временски зони, почнаа протестите.
Ресторани и други угостителски објекти во Москва ќе бидат затворени, а надземниот сообраќај ќе биде пренасочуван.
По протестите изминатиот викенд, уапсени се околу 4.000 луѓе, јавуваат светските медиуми.
Алексеј Навални беше уапсен по пристигањето во Русија, речиси пет месеци откако беше затруен со нервниот отров од советско време, Новичок.