Изминатиов викенд во Шуто Оризари беа предадени 69 стари печки на дрва или на нафта, на пунктот во дворот на средното училиште „Шаип Јусуф“. Овие печки се предадени од лица кои аплицираа за добивање на субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје.
До привременото запирање на повикот за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди, во Град Скопје се пристигнати 4.282 апликации. Само од општината Шуто Оризари пристигнати се околу 120 апликации на овој јавен повик.
Акцијата за предавање на старите нееколошки печки во наредниот период ќе продолжи и во другите скопски општини, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.