Во Скопје санкционирани 339 возачи – 108 за пречекорена брзина

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.