Во Србија прогласена тридневна жалост

Сподели

 

Србија прогласи тридневна жалост по масакрот во училиштето во Белград, при што загинаа девет ученици и чуварот во училиштето.

Наставата попладнево е откажана во сите белградски училишта, а утре наутро ќе започне со едноминутно молчење.

“Во име на Министерството за образование изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ги снајде Србија и нашиот образовен систем. Во трагедијата што се случи во основното училиште ‘Владислав Рибникар’, животот го загубија осум деца, како и припадник на обезбедувањето на училиштето, а повредените се хоспитализирани. Никој не може да им ги врати децата на родителите, настанот се случил околу 8 часот кога ученик од седмо одделение од ова училиште првпат во Србија го извршил овој чин. Благодарен сум им на нашите здравствени работници и го молиме Господ да им помогне на сите што се хоспитализирани и имаат потреба од лекарска помош“, рече министерот.