МОСКВА (АА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски авион од типот Tu-154 со 92 патници се урнал во Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната интернет страница на министерството, дадена е листа, според која во авионот се наоѓале 92 лица, од кои 8 членови на екипажот.
Според листата во авионот се наоѓале 64 музичари од хорот Алескандров на Црвената армија, 9-мина новинари, 8 војници, 1 претставник на невладина организација и 2 високи претставници од Министерството за одбрана.
Продoлжува истрагата од воздух и oд море на подрачјето во кое паднал авионот. Во истрагата учествуваат голем број бродови и хеликоптери.
Од друга страна, во веста што се појави во руските медиуми, се вели дека во Црното Море досега е пронајдено најмалку едно безживотно тело.
Авионот од типот Tu-154 полетал од Москва и по полнењето гориво во Сочи, планирал да лета за Сирија. Авионот ги превезувал музичарите на воениот хор кој требало да одржи концерт во сириската воена база Химејим по повод Нова година.
Авионот Tu-154 кусо време по полетувањето од аеродромот во Сочи, паднал во Црното Море.
– Порака со сочувство за паднатиот руски авион од турскиот министер за одбрана Ишик –
Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик, по урнувањето на рускиот воен транспортен авион му изрази сочуство на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се вели дека по урнувањето на авионот од типот TU-154 кој му припаѓал на руското Министерство за одбрана, испратена е порака со сочувство до рускиот министер Шојгу.
Министерот Ишик во пораката истакнал: „Со тага ја примив веста за падот на воениот транспортен авион на Министерството за одбрана на Руската федерација, во водите на Црното Море и загубата на животите на екипажот и патниците, кои полетале од аеродромот во Сочи. На членовите на семејствата на загинатите во оваа трагична несреќа и на целиот руски народ им изразувам сочуство”.