Во зградата на општина Чаир пуштен во употреба фотоволтаичниот кров

Сподели

 

Во зградата на општина Чаир денеска е пуштен во употреба фотоволтаичниот кров, составен од 70 соларни панели, инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Градночалникот на општина Чаир Висар Ганиу, истакна дека денеска во општината што ја предводи тој се отвора едно многу важно поглавје и дека со панелите поставени во зградата на општинската институција во одредени моменти ќе се заштеди електрична енергија до 50%.

 

 

-Во нашата општина Чаир отвораме ново и многу важно поглавје, не само за нашите жители туку и пошироко. Односно, преземаме сигурни чекори кон имплементација на зелената агенда, агенда за која се обврзавме и денеска ја спроведуваме токму во Чаир. Во овие времиња кога природата бара поголема грижа од нас со оглед на глобалното загадување на животната средина, во овие времиња на општа енергетска криза ширум светот, ја зголемуваме надежта и во исто време даваме пример дека можеме да успееме да го намалиме загадувањето, но и да го минимизираме трошење преку обновливи и чисти извори на енергија. А ние тргнуваме од сопствените јавни институции, рече Ганиу.

Тој објасни дека фотоволтаичните панели поставени на кровот на зградата на општина Чаир имаат моќ да произведуваат електрична енергија до 20 kWh колку што се постоечките закони. Ганиу нагласи дека овие панели значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија на зградата на општина Чаир, бидејќи се очекува годишно да произведуваат над 26 илјади kWh електрична енергија.

 

 

-Ќе имаме 0 негативно влијание врз животната средина. Без загадување. Додека значително ќе ги намалиме емисиите на штетни гасови. Она што е исто така важно е дека ќе имаме зголемување на употребата на зелена технологија, обезбедувајќи транзиција кон чиста енергија, ќе можеме да влијаеме да живееме поздрав живот и средствата од заштедата што ќе ја направиме ќе можеме да ги алоцираме за развој на благосостојбата на нашите драги жители од сите аспекти каде што е потребно, додаде Ганиу.

Тој понатаму појасни дека овој фотоволтаичен кров на општина Чаир ќе биде само добар почеток, бидејќи во 4 образовни објекти од оваа општина веќе се поставени 180 идентични фотоволтаични панели.

Наскоро основните училишта „Адем Јашари“, „Исмаил Ќемали“, „Конгреси и Манастирит“ и градинката „Весеза“ во рок од една година ќе почнат да произведуваат 100.000 kWh електрична енергија. А инвестицијата и во овие објекти е реализирана од страна на Министерството за животна средина која вкупно достигнува околу 9 милиони денари.

 Додека министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во своето излагање потсети дека овој проект кој беше промовиран денеска има многу придобивки, тргнувајќи од финансискиот аспект која дава соодветен одговор на општата енергетска криза која ги намалува трошоците на општината, од здравствен аспект ги намалува негативните влијанија врз здравјето на луѓето но и придонесува за намалување на локалното и глобалното загадување и намалување на климатски промени.