Водата во Скопје е безбедна за пиење

Сподели

 

Според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули, зеде 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), информираат од ЈП „Водовод и канализација“.