Волфганг Шобјле инсистира Вашингтон да се придржува до меѓународните стандарди

Сподели

Германскиот министер за финансии Волфганг Шобјле не очекува Германија и САД да почнат трговска војна по најавата на новиот претседател на САД за воведување нови царински давачки за германските производители на автомобили, но инсистира Вашингтон да се придржува до меѓународните стандарди.

-САД, исто така, се потписник на меѓународни договори. Не мислам дека од утре ќе почне голема трговска војна, но ние во секој случај ќе инсистираме на почитување на меѓународните договори, изјави Шојбле за весникот „Шпигел“, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во интервјуто што беше објавено во понеделникот Трамп најави дека сите возила произведени од германските компании во Мексико, што се продаваат во САД ќе бидат оцаринети со 35 отсто, што, според сегашните договори за слободна трговија меѓу САД и Мексико, не треба да се плаќа.