Во Брисел денес ќе биде одржан вонреден состанок на НАТО, а во врска со воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција во Сирија.
Перу, кој претседава со Советот, предмалку соопшти дека е свикана седница. Планирано е за време на состанокот, претставниците на Велика Британија, Франција и САД да ги информираат останатите сојузници за воена интервенција во Сирија.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.