“Вонредната состојба во земјата во наредните 30 дена и дава повеќе можности на Владата поефикасно да се справува со ширењето на коронавирусот и со ублажување на економските последици.
Вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните.
Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и аптеките и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите.
Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.
СДСМ ја поздравува иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.
Граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките, задолженијата и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот” – се наведува во соопштението на СДСМ.