Во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф богослужеше Воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Кирил Пејчиновиќ – Лешочки, во сослужение на многубројно свештенство од епархијата.
На вечерната присуствуваа родољубивите митрополити: Европски г.Пимен,митрополитот Кумановско-осоговски г.д-р Григориј, митрополитот д-р г.Јосиф.
На вечерната богослужба покрај многуброен народ присуствуваше премиерот на владата на Р.М.Димитар Ковачеваки, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицковски, градоначалниците на општина Брвеница г.Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Јагуновце г.Димитар Костадиновски,директорот на Комисијата за верски прашања г.Даријан Сотиривски.