#ВозможноЕ – онлајн настан за амбициозна #КлиматскаАкцијаСега

Сподели

 

Во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk), ќе се реализира онлајн настан #ВозможноЕ. Првиот дел од настанот ќе се одржи утре, на 21ви април, од 13:00 до 15:00 часот како настан во живо на социјалните мрежи. Во наредните две недели ќе следат уште два и тоа на 27ми април од 10:00 до 12:00 часот и на 5ти мај од 11:00 до 13:00 часот.

Првиот дел од настанот, ќе биде на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“.

Учесниците преку отворена дискусија ќе дебатираат за специфичните цели и активностите поврзани со климатските промени на национално ниво предвидени во Ревидираниот национален придонес, како и во светот како глобални цели.

Настанот ќе биде поделен во три сесии, во три панел дискусии, во склоп на кои ќе учествуваат претставници од UNFCCC (United Nations Framework Convention on Climate Change – Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени), Влада на Република Северна Македонија и UNDP, како и претставници од приватниот сектор и академските институции. На крајот на секој настан, на говорниците ќе им бидат поставени прашања од страна на невладините организации, медиумите и граѓаните, поврзани со темите кои ќе бидат дебатирани.

 

 

Кога станува збор за климатските промени, државата има 3 текови на стратешки документи со цел да се усогласи со глобалната цел глобалната температура да не се зголеми повеќе од 1,5 степени, целите на ЕУ и целите на Енергетската заедница. Владата, преку МЖСПП, а со поддршка на UNDP преку иницијативата „Ветување за климата“, го ажурираше својот Национален придонес за климатските промени, во кој постави амбициозни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови до 51% во однос на емисиите од 1990 година.

Главната цел на настанот #ВозможноЕ, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители. Пораката е климатските активности да се согледаaт како можност која треба максимално да ја искористиме воспоставувајќи синергија меѓу сите општествени чинители.

Онлајн настанот ќе биде достапен за сите и ќе може да се следи во живо на YouTube платформата, на три различни јазици, https://www.youtube.com/channel/UCClb47KE53BCaWwXnkz85_Q, како и на официјалната Facebook фан страница, https://www.facebook.com/klimatskipromenimk

За повеќе, посетете ја официјалната Facebook фан страница на Климатски промени на МЖСПП: https://www.facebook.com/klimatskipromenimk.