Вработен во АД „Пошта“ од починато лице присвоил 220.000 денари

Сподели

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа, соопштија од МВР.

Вработениот во подружница на АД „Пошта“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.