Врачена државната награда “8 септември”

Сподели

Денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ги врачија  наградите за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2018 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Добитници на државната награда „8 Септември“ се: Таки Џиков (награда за животно дело), Стефан Гешовски, Сашко Арсовски, Владимир Радиќ и Ристо Таков.