ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде одбележано со врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Врнежите од снег повремено ќе засилуваат на одредени места.

Во котлините долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на југоисток само од дожд. Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлините, а на планините ќе достигне околу 10 сантиметри. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 1 до 11 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност.