МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска времето ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет.
Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот на земјата, каде што се очекува и зголемена снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од -1 до 5 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температури околу 3 степени.
И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, на крајниот запад со врнежи од дожд, на планините снег. Дневните температури ќе се движат од 3 до 11 степени.
Во четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност со засилен северозападен ветер особено претпладне. Дневните температури ќе се движат од -1 до 8 степени.
Најстудено ќе биде в петок, кога утринската температура ќе се движи од -8 до -2 степена, а дневната од 2 до 10 степени.