ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. На планините ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб источен ветер. Од вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.