МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде умерeно облачно, со повремени сончеви периоди и потопло, со благ пораст на дневните температури. Ќе дува до умерен слаб јужен и југозападен ветер.
Утрата ќе бидат посвежи со пад на утринските температури, кои ќе се движат од -6 до 3 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 2 до 12 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 8 степени.
Времето утре ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 степени, а дневната од 4 до 10 степени.
Во среда времето ќе биде променливо, а претпладне со повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени.
Времето во четврток ќе биде променливо облачно, а попладне со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -7 до 1 степен, а дневната од 2 до 7 степени.