МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес дестабилизација на времето и нов бран на врнежи под влијание на Медитерански циклон кој што насекаде во Македонија ќе донесе облачно време со врнежи од дожд, а на ридско-планинските предели и на планините над 800 метри со врнежи од снег. Интензивирање на врнежите се очекуваат во вечерните часови и во текот на ноќта каде што локално ќе наврнат над 30 литри дожд, а на планините нова снежна покривка над 30 сантиметри. Ќе дува доумерен и засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Минималните температури ќе се движат од -5 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 0 односно до 10 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес облачно време со врнежи од дожд и ветровито време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Минималната температура од 1 степен, а максималната дневна температура ќе достигне до 7 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во раните утрински часови врнежите во североисточните, источните и југоисточните предели ќе престануваат, и во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 11 степени. Во четврток облачно време со врнежи од дожд а над 1200 метри со врнежи од снег и свежо време. Утринските температури од -6 до 2 степени, додека пак дневните од -1 до 9 степени. Во петок и сабота претежно сончевои време со појава на локална облачност. Минималните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -8 до 0 односно од -9 до -1 степен, додека пак дневните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 1 до 11 односно од 3 до 13 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 8 степени. Во четврток облачно време со врнежи од дожд и свежо време со максимални 6 степени. Во петок и сабота студено утро со утринска температура од -2 односно -3 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневната температура до 8 односно до 10 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот во Скопје, Тетово и Куманово имавме средно ниво на загаденост на воздухот, а на останатите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.
Во изминатите 24 часа количеството на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа од 251 до 110 микрограми на метар кубен (Лисиче 251, Центар 180, Ректорат 174 микрограми на метар кубен, Гази Баба 145, Карпош 142, Миладиновци 110 микрограми на метар кубен). Во останатите градови : Куманово 271, Струмица 267, Битола 203 микрограми на метар кубен, Кавадарци 180, Гостивар 121, Кичево 106 микрограми на метар кубен.