МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува претежно облачно, ветровито и релативно топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен засилен југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 12 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес претежно облачно и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота претежно облачно и релативно топло време за овој период од годината. Кон крајот на денот локални врнежи од дожд, а над 1000 метри со врнежи од снег. Минималните температури од -2 до 6 степени, додека пак дневните ќе се движат од 1 до 10 степени. Во недела, понеделник и вторник облачно време со врнежи од снег и постудено време со осетен пад на температури кои што ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во понеделник и вторник се очекуваат поинтензивни врнежи од снег кои што би можеле да предизвикаат проблеми во сообраќајот. Во недела минималните температури од -6 до 1 односно од -4 до 5 степени. Во понеделник и вторник минималните температури од -8 до -2 односно -7 до -1 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од -6 до 1 , односно од -3 до 4 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота претежно облачно и топло време со дневна температура до 8 степени. Во недела облачно време со врнежи од дожд и снег кои што во попладневните и вечерните часови ќе преминаат со врнежи од снег. Максималната дневна температура до 3 степени. Во понеделник и вторник облачно време со врнежи од снег и студено време со дневна температура до -2 односно до 1 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.
Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеше во интервал од 102 до 212 микрограми на метар кубен (Лисиче 212, Ректорат 148, Центар 144 микрограми на метар кубен, Гази Баба 142, Карпош 122 и Миладиновци 102 микрограми на метар кубен). Во останатите градови, Кавадарци 241, Битола 185, Струмица 165 микрограми на метар кубен, Куманово 148, Велес 145 и во Кочани 115 микрограми на метар кубен.