МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде умерено облачно но претежно суво со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот.
Претпладне во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Во југозападните и јужните делови од земјата ветерот повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури ќе се движат од 8 Целзиусови степени во западните региони до 19 степени на крајниот југ. Во Скопје и околината преку денот температурата ќе достигна до максималните 15 степени.
Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег, понекаде во овие подрачја и на височина од 1.500 метри.
Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено.