ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд.

Денеска на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а дневната од -2 два до 6 степени.

Во Скопје слично време, облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 1 степен.

Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу 0, во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.