ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степени.

И во сабота времето ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде посончево, претежно стабилно и топло.