МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и по планините ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Крива Паланка 27, Маврово 22, Охрид 27, Битола 31, Кавадарци 33, Берово 26, Дојран 34.
И наредните денови дневните температури ќе бидат во пораст со услови за попладневна краткотрајна нестабилност претежно во планинските подрачја.
Во среда се очекува преодно наоблачувае и малку посвежо време со нестабилност на северот. Потоа до викендот ќе е претежно сончево, но ветровито, прогнозира УХМ Македонија.