ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 степени, Маврово 6, Охрид 10, Прилеп 11, Кавадарци 15, Крива паланка 11, Берово 9, Дојран 14.

Времето од утре ќе биде променливо облачно претпладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен и југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 во Маврово, 14 во Скопје, 11 во Охрид  до 16 степени во Дојран.

Следува период на претежно облачно време со повремени врнежи на дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови и крајните југоисточни подрачја на Македонија. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Од среда времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури и со снег на планините.

До крајот на овој месец ќе се задржи претежно влажно време со утрински температури до 0 степени и дневни околу 7 степени.

Почетокот на декември ќе донесе сончево време и малку пониски температури. Просечната утринска температура се спушта до -1 степен, а дневната ќе биде до 6 степени.

Втората половина на декември ќе започне со пониски температури кои ќе бидат околу -5 степени, а дневната ќе биде околу 2 степени. На почетокот на втората половина се очекува слаб снег,  додека до крајот на месецот не очекува сончево, ладно и стабилно време.