ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Минусни температури се измерени насекаде во државава. Според прогнозата на УММР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

Утринските температури беа измерени – 21 степен во Берово, – 20 во Битола, – 18 во Маврово, а – 17 во Струмица.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови.
Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.