ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во текот на денешниот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 20 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната температура од 6 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.