ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степени.

УХМР најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.