ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. УВ=7

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне претежно сончево и топло. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.