МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Во повисоките места ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 км/час.
Температурата ќе се движи од 0 до 12 степени.