МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно со локални и слаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север, од утре попладне и во четврток ќе има локални врнежи од снег. За време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе бидат под нулата.
