МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, па снежната покривка ќе се зголеми. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок значително ќе опаѓа, за повеќе од 10 мерни единици.
Температурата ќе се движи од -12 до 10 степени.