МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Само на највисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Т = 13 °C, P = 972 hPa, U = 85 %, V = 5 m/s.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 37 Попова Шапка.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 13 Крушево, 11 Охрид, 10 Дебар, Лазарополе, 9 Маврово, Пожаране, 8 Прилеп, 7 Кр.Паланка, Виница, Струмица, Берово, Ѓуриште, 6 Скопје-З.Рид, Гевгелија, Пожар, 5 Претор, Тополчани, 4 Скопје-Петровец, Штип, Дојран, Виница, 3 Куманово, 2 Д.Капија.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.