МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд позастапени во планинските региони. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
T= 17 °C, P= 981 hPa, U= 52 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).