МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.