ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. УВ=8

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во Скопската Котлина ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 36 °C, P= 979 hPa, U= 45 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).