МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени. УВ=6
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност, околу пладне ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. T= 27 °C, P= 981 hPa, U= 40 %, V= 5 m/s.