МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град (повеќе услови ќе има во источните делови).
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, со засилен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. T= 20 °C, P= 962 hPa, U= 70 %, V= 8 m/s.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а за викенд на планините се очекува врнежи од снег.