МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде наутро постудено, преку денот сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури.