МАКЕДОНИЈА – Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. T= 33 °C, P= 980 hPa, U= 40 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)