МАКЕДОНИЈА – Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 36 °C, P= 978 hPa, U= 35 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)